
Шкупи против Силекс денеска од 16 часот во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига во акција за конечен крај на низата од пет порази во шампионатот.
Никако да се стави точка на резултатската криза на чаирчани кои нагласуваат дека сега мора да се дојде до триумфот против Силекс. Но и за кратовци бодовите се повеќе од неопходни во битката за опстанок.
„Одиме на меч против ранет лав, затоа тоа е натпревар со две острици. Шкупи е квалитетен тим, тешко е да се игра против нив, посебно на Чаир каде што секогаш имаат по 3.000 навивачи. Минатиот меч водевме со нив 2-0, но на крајот дуелот заврши 2-2. Посакувам добар меч, убав фудбал и нека победи подобриот“ – вели шефот на стручниот штаб на Силекс, Момчило Митевски кој знае дека тимот го очекува уште долга битка за опстанок.
„Треба да играме уште еден меч со Беласица дома до крајот на првенството. Се надевам дека сите натпревари ќе имаат фер и коректно судење“ – додава Митевски.
ПМФЛ – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
