
Ѓоко Хаџиевски од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Беласица откако трофејниот стратег реши да се повлече од функцијата, псотигнувајќи заднички договор со управата на струмичани за предвремен раскин на договорот. Беласица на последните две домашни средби против Силекс и Победа освои само еден бод, компликувајќи си ја битката за опстанок, по што следеше и заминувањето на Хаџиевски.
„Мислам дека после овие два натпревари во кои не успеавме да победиме, не можам повеќе да придонесам за целите на Беласица во оваа сезона. Затоа во договор со сопственикот решив да се повлечам од тренерската позиција и комплетно од клубот. Беласица се уште има реални шанси за да обезбеди опстанок, можеби оваа промена ќе придонесе тимот малку да се размрда во позитивна насока“, изјави Ѓоко Хаџиевски.
Беласица се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со 24 бода, четири помалку од Силекс, кој се наоѓа на местото кое носи бараж за опстанок во елитата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
