
Работнички оствари важен триумф (1-2) на гости против Ренова во меч во кој на голот блескаше Ристо Јанков. Чуварот на мрежата на „романтичарите“ скроти неколку силни шутеви, а успеа да му одбрани и пенал на Влатко Стојановски во завршните минути од натпреварот. Со своето издание на овој дуел, го заслужи епитетот најдобар играч на 28.коло во Првата фудбалска лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
Скромниот Јанков, сепак, ги подели заслугите со соиграчите од Работнички.
„Среќни сме поради триумфот, втор во низа за нас. Самодовербата е сега на највисоко ниво и веќе сме фокусирани на следниот меч против Силекс во Кратово. Одигравме одличен меч против Ренова, тимот реагираше на вистински начин и освоиме три многу значајни бода. Среќен сум што одбранив пенал, но заслугите одат за сите соиграчи подеднакво“, изјави Ристо Јанков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици
