Новиот премиерлигаш Фулам го изненади фаворитот за титулата Ливерпул играјќи 2-2 на домашен терен, на стартот од новата сезона во Премиер – лигата. Најдобриот стрелец од Чемпионшип, Александар Митровиќ, продолжи во голгетерски стил и во елитата. Тој ги постигна двата гола за Фулам на овој меч.
Србинот го отвори резултатот со одличен погодок во 32.минута и донесе водство за Фулам на одморот.
Дарвин Нуњез доби шанса од Клоп во вториот дел и веднаш ја искористи со гол за 1-1 во 64.минута.
Александар Митровиќ во 72.минута од пенал повторно обезбеди предност за Фулам, а израмни Мохамед Салах во 80.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal