
Англискиот премиерлигаш Челси би можел да го обележи финишот на летниот преоден рок.
Челси вчера го објави трансферот на Марк Кукуреља, кој стана најплатениот бек во историјата, а само еден ден по неговата промоција, клубот е подготвен да собори уште еден рекорд и да го донесе најплатениот дефанзивец во историјата.
Челси ја подигна понудата за Весли Фофана од Лестер на астрономски 100 милиони евра или 85 милиони фунти! Со тоа Челси би го соборил рекордот на Манчестер Јунајтед кој исто така пред три години пристигна од Лестер за 80 милиони фунти или тогаш 87 милиони евра.
И Фофана сака да си замине, но Брендан Роџерс упорно одбива да се откаже од својот дефанзивец. Фофана би била идеална замена за Андреас Кристенсен, кој замина во Барселона, додека Калиду Кулибали е доведен на местото на Рудигер.
Челси претходно, покрај Кукуреља и Кулибали, го доведе и Рахим Стерлинг, а се шпекулира дека заедно со Фофана, Томас Тухел го сака и Френки де Јонг од Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
