Холандскиот репрезентативец Џорџинио Вајналдум прејде во Рома на позајмица од Пари Сен Жермен. Италијанскиот клуб вечерва го промовираше своето најново засилување.
Договорот вклучува опција која и овозможува на „волчицата“ да го купи играчот од средниот ред за 8 милиони евра следното. Ќе стане задолжително, доколку Вајналдум одигра 50% од натпреварите во сезоната и Рома се пласира во Лигата на шампионите.
31-годишниот фудбалер на „Олимпико“ ќе добие околу 5 милиони евра, што е значително помалку од неговата плата во ПСЖ.
Вајналдум минатото лето го напушти Ливерпул и потпиша за ПСЖ, но не успеа да се наметне во тимот. Холанѓанецот одигра 31 натпревар во Лига 1 без да постигне ниту еден гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













