
Британската Национална агенција за криминал (НЦА) го истражува случајот со жолтиот картон на ѕвездата на Арсенал, Гранит Џака, на минатогодишниот меч против Лидс во случај во кој е поврзан поранешен шведски фудбалер кој веќе е осуден за местење мечеви и албанската мафија, тврди „Дејли мејл“.
Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) веќе покрена случај за сомнителните облози дека Џака ќе добие жолт картон во последните десет минути од мечот на „Иланд Роуд“, каде што Арсенал победи со 3-1, а швајцарскиот репрезентативец навистина доби жолт картон во 83. минута поради задржување на времето.
На жолт картон на Гранит Џака, и тоа во последните десет минути од мелот, биле уплатени вкупно 52.000 фунти во обложувалниците.
Нема обвиненија кон Џака, но истрагата води кон шведскиот фудбалер со албанско потекло Албан Јусуфи, кој во 2017 година доби петгодишна суспензија од фудбалот, откако тој наводно заработил добри пари на овој облог.
41-годишниот Јусуфи беше осуден откако на голманот на АИК Стокхолм, Кирјакос Стаматопулос, му дал 150.000 фунти за да игра лошо во дербито против ИФК Гетеборг, поради што Шведската фудбалска федерација го одложила мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
