Менаџерот Еди Хау станува во Њукасл на подолг период откако потпиша нов долгогодишен договор со Њукасл јунајтед. Новите сопственици од Саудиска Арабија беа импресионирани од начинот на кој Еди Хау го водеше тимот во завршницата на минатата сезона и го спаси клубот од испаѓање. Сега амбициите се многу поголеми.
44-годишниот Хау ги презеде Њукасл во ноември 2021, кога клубот беше во зоната за испаѓање, и успеа да ги крене на 11. место со 14 поени од безбедната зона.
„Горд сум што сум менаџер на Њукасл јунајтед и досега уживав во секој момент. Би сакал да се заблагодарам на мојот тренерски тим, на фудбалерите и на навивачите. Сега сме на почетокот на нашиот пат, а ова е возбудливо време да си дел од Њукасл“, изјави Хау.
Our gaffer. 🖤🤍 pic.twitter.com/S803GpR3hn
— Newcastle United FC (@NUFC) August 5, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal