
Португалскиот интернационалец Бернардо Силва е на добар пат да си замине од Манчестер сити до крајот на летниот преоден рок. Тој долго време беше во преговори со Барселона, но во трката се вклучи и ПСЖ.
Менаџерот Пеп Гвардиола за првпат јавно изјави дека тој можеби и нема да остане на „Итихад“ во новата сезона.
„Бернардо е посебен играч, многу важен за Сити, но не знам што ќе се случи. Ако мора да замине, тогаш ќе прифатиме. Таков е фудбалот. Клубовите имаат договори со фудбалерите, играчите имаат и свои желби, а јас нема да бидам причината која ќе застане на патот желбата да се оствари“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
