Македонскиот претставник Шкендија вечерва (20 часот) го пречекува летонскиот тим Валмиера во реваншот мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. По првиот дуел, тетовци имаат еден гол предност (2-1) и посакуваат да го потврдат пласманот во следната рунда со уште еден триумф.
„Без разлика на првиот меч и победата, сега е нов дуел и почнуваме од нула. Нема ништо сигурно, мора да играме напаѓачки и на триумф за да го одбраниме тој резултат. Посакуваме победа и пласман понатаму. Би сакал поддршка од навивачите, да ни бидат дванаесетти играч на натпреварот. Нема ништо лесно, мора да покажеме на терен дека победата на гости не беше случајна. Опасноста од Валмеира доаѓа од нивните брзи играчи. Знаеме кои се нивните силни страни и се подготвивме добро за денешниот реванш“, вели тренерот Артим Шаќири.
Доколку ја елиминира Валмиера, Шкендија во следното коло ја очекува двомеч со шведскиот тим АИК.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal