
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо сака да замине од „Олд Трафорд“. Тој побарал раскин на договорот на средбата со раководството на клубот која се случи во вторникот. Напаѓачот ја пропушти претсезонската турнеја на тимот во Австралија, а неговиот агент Жорге Мендеш го понуди во сите големи европски клубови. Сепак, одѕивот и не беше сјаен.
Последниот потег што му остана на Роналдо е да добие раскин на договорот и потоа како слободен агент да се обиде да најде клуб што игра во Лигата на шампионите. Тој е опседнат со идејата и следната година да игра во ЛШ, за да може да ги подобри рекордите кои секако се во негова сопственост.
Манчестер Јунајтед пак повторно се фокусира на Нејмар. ПСЖ бара начин да се ослободи од Бразилецот, а раководството на „црвените ѓаволи“ смета дека тој би бил одлична замена за Кристијано Роналдо. Нова ѕвезда во клубот, нов маркетиншки потег, но и квалитетен играч за Ерик тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови
