
Во најголемото дерби од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Фенербахче беше поразен од Динамо Киев, па го продолжува патот во Лигата на Европа. Првиот натпревар заврши 0:0, a денеска Фенер имаше шанса да се пласира во третото коло од квалификациите. Сепак, Динамо беше подобар ривал. По регуларниот дел беше 1-1, а по продолженијата 1-2.
Гостите поведоа преку Бујалски во 57. минута, претходно Фенер остана со играч помалку кога Јуксек доби втор жолт картон. Сепак, домашните нападнаа и тоа им се исплатеше, иако Валенсија прво промаши пенал, во 89. минута Фенер израмни преку Салаи.
Гостите имаа уште поголема моќ до крајот, само шест минути го делеа Фенербахче од пенали, но не ги дочекаа. Караваев постигна гол за пласман на Динамо Киев во третото коло каде ќе игра против Штурм.
Можеби најголемото изненадување е убедливата победа на Макаби Хаифа на гости против Олимпијакос со 0-4, или вкупен резултат, 1-5.
Се очекуваше подобар Олимпијакос, но и на домашен терен беа подреден ривал, беа целосно надиграни и сега продолжуваат во квалификациите за Лига Европа. Макаби оди кај Аполон од Кипар во третото коло од квалификациите за ЛШ.
Чери ги доведе гостите во предност, Пиеро со два гола зголеми на 0-3, а Абу Фани ги постигна конечните 0-4.
Жалгирис исто така направи големо изненадување откако на гости славеше против Малме со 0-2 и го елиминира од елитното натпреварување. Ојевуси и Оливеира беа стрелци на головите за Жалгирис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
