Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги одбил понудите на Арсенал и на Њукасл. Тој не бил задоволен од понудите на двата клуба, тврди „Кориере дело Спорт“.
Англиските клубови понудија околу 55 милиони евра трансфер на српскиот интернационалец.
Раководството на Лацио би можело да се согласи на продажба доколку добие понуда од околу 70 милиони евра. За играчот е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но засега нема испратено официјална понуда.
Милинковиќ-Савиќ минатата сезона одигра 47 натпревари за Лацио, со ефект од 11 гола и 12 асистенции.
Договорот на 27-годишниот Србин со римските „орли“ истекува во јуни 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













