Connect with us

За првпат жена ќе раководи со Премиер – лигата

Англискатa Премиер – лига за првпат ќе биде предводена од жена во својата историја од почетокот на следната година. Тогаш Алисон Британ ќе ја преземе претседателската функција, објави организацијата по едногласната одлука на клубовите.


Британ е извршна директорка на компанијата за хотели и ресторани „Вајтбрејд“ и претседател на компанијата за мебел „Дунелм“. Таа ќе го напушти „Вајтбрејд“ на почетокот на 2023 година за да го наследи Питер Мекормак на чело на Премиер – лигата. Тој беше привремена замена за Гери Хофман, кој го напушти договорот за акциите на Њукасл.

„Од дете сум поддржувач на фудбалот и среќна сум што сум избрана за претседателка на Премиерлигата. За мене ќе биде привилегија да помогнам во спроведувањето на идните планови и да работам со клубовите. Наша задача е да постигне долгорочна стабилност и успех“, изјави Алисон Британ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови