Белгискиот интернационалец Еден Азар е убедливо најплатен фудбалер во шпанската Ла Лига. Реал Мадрид на напаѓачот неделно му плаќа нешто повеќе од 600.000 евра, односно Белгиецот заработува 31.250.000 евра годишно.
Вториот на листата најплатени е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, кој заработува 480.000 евра неделно или 25.000.000 годишно. За трите години од постоечкиот договор ќе инкасира вкупно 75.000.000 евра.
Трет најплатен играч во лигата е напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Французинот добива нешто повеќе од 460.000 евра неделно и вкупно заработува 24.000.000 годишно.
Следат Давид Алаба со неделна плата од над 432.000, Серхио Бускетс со над 421.000, додека Антоан Гризман добива нешто повеќе од 400.000 евра.
Винисиус Жуниор и Жорди Алба имаат иста плата, Лука Модриќ има нешто повеќе од 378.000 неделно, а новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски 360.000 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













