Холандскиот интернационалец Френки де Јонг е најголемиот проблем на Барселона ова лето. Играчот за врска не сака да замине од „Камп Ноу“, но не сака ни да се согласи на намалување на платата, на што инсистира клубот.
Де Јонг одби да се пресели во Манчестер Јунајтед откако Барселона веќе ја договори отштетата од 65 милиони евра. Сепак, тој не сака да биде дел од тим што нема да учествува во Лигата на шампионите.
Покрај тоа, од новата сезона, според клазулата во договорот, Холанѓанецот треба да добие значително зголемување на платата во Барселона. Раководството се обиде тоа да го спречи, но по се изгледа дека Френки де Јонг нема да попушти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













