Стоперот на Севилја, Жул Кунде, беше на прагот да дојде во Челси за 65 милиони евра, но Барса е блиску во последен момент да ја расипе зделката на „сините“ и да го однесе францускиот стопер на „Камп Ноу“.
Ако ништо не се случи со Кунде, Челси има алтернатива, а тоа е стоперот на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе.
Според медиумите на Островот, ПСЖ бара дури 70 милиони евра за 26-годишниот дефанзивец кој целата кариера ја мина во „Паркот на принцовите“, но во Париз имаат намера да го заменат со Милан Шкрињар од Интер.
Челси летово остана без стоперскиот тандем Рудигер- Кристенсен. Германецот замина во Реал, а Данецот во Барса, додека Кулибали на „Стемфорд бриџ“ пристигна од Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













