
Шкендија, на четири кола пред крајот на првенството, си ја осигура втората едноподруго шампионска титула. Повеќе од заслужено за составот на Ќатип Османи кој доминираше низ текот на сезонава во која немаше посериозен конкурент за трофејот.
Во 32. коло од ПМФЛ, Шкендија на гости славеше со 0-1 против Работнички во натпревар во кој трпеливо, мудро стигнаа до трите бода. Ќатип Османи уште еднаш потврди дека е најдоброто решение за клупата на тетовци кои до неговото доаѓање „лутаа“ во изборот за шеф на стручен штаб.
„Секако, пресреќни сме што успеавме на ваков начин, на четири кола пред крајот на шампионатот, да дојдеме до титулата. Шкендија покажа дека е најдобриот тим сезонава, но верувам дека и уште не сме го кажале последниот збор. Сега се фокусираме на финишот од првенството кој сигурно ќе го играме максимално сериозно како начин и за подготовка за настапите на европската сцена“ – вели Османи и дополнува:
„Што се однесува до натпреварот со Работнички, игравме трпеливо чекајќи ја нашата шанса која дојде во самиот финиш и умешно ја искористивме за победа која ни ја завери титулата“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
