
Реал Мадрид се обидува да го убеди Тони Крос да го продолжи договорот, но Германецот не е сигурен каква одлука ќе донесе следното лето. Крос уште еднаш го изненадил претседателот Флорентино Перез бидејќи му рекол дека веќе нема толкава мотивација откако успеал да освои се што можел.
Одличниот германски играч за врска наводно размислува за крај на кариерата.
Крос им порача на челниците на Реал дека му треба време за размислување и дека нема да донесе одлука до летото 2023 година. Крос не е заинтересиран да замине во друг клуб, иако договорот со „кралевите“ му истекува на крајот на следната сезона.
Крос пред осум години пристигна во Реал Мадрид за 25 милиони евра од Баерн и со мадридскиот клуб освои четири трофеи во ЛШ и стана еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal