Францускиот првак Пари Сен Жермен и понатаму се обидува да се ослободи од Бразилецот Нејмар, иако ѕвездата има договор според кој би можел да остане на „Паркот на принцовите“ до 2027 година. На 1 јули ќе се активира клаузула во договорот што тоа му го гарантира на Нејмар.
Сепак, раководството на клубот не е задоволно од неговите игри и пред се од однесувањето и бара начин како да го трансферира. Францускиот тим го понудил на Барселона, од каде тој и дојде за рекордни 222 милиони евра, што се уште е најголемиот трансфер на сите времиња. Сега сумата е далеку помала, само 50 милиони евра.
Тренерот Чави би сакал да го има Нејмар на „Камп Ноу“, но Барселона е во незавидна финансиска состојба и во моментот не може тоа да си го дозволи, особено што е фокусирана на трансферот на Роберт Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal