
Поранешниот турски репрезентативец и грач за врска Окан Бурук е назначен за тренер на неговиот поранешен клуб Галатасарај. Тој потпиша договор на две години, соопшти гигантот од Истанбул.
По заминувањето на Фатих Терим во јануари, Шпанецот Доменек Торент, поранешен помошник на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не успеа да ги подобри резултатите на тимот. Тимот се лизна на 13. место на шампионатот, што беше историски најлош пласман за рекордерот во Турција, кој има 22 трофеи од домашното првенство.
48-годишниот Бурук одигра 56 натпревари за националниот тим и играше за клубот 12 години, освојувајќи го Купот на УЕФА во 2000 година.
Како тренер, Окан Бурук го предводеше Истанбул Башакшехир до првата шампионска титула во 2020 година.
✍️ #WelcomeHomeOkanBuruk 🦁 pic.twitter.com/TTLrmjVPCD
— Galatasaray EN (@Galatasaray) June 23, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal