
Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, му одговори на својот поранешен соиграч во Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој за време на шампионската парада на „росонерите“ ги повика навивачите на тимот да скандираат против турскиот репрезентативец. Исто така Швеѓанецот посвети и посебен дел за него во новата автобиографска книга.
„Тој е 40-годишен маж, а не 18-годишен, јас не би направил такво нешто на негова возраст. Тој само сака да биде во центарот на вниманието. Тој не придонесе за „скудетото“ оваа сезона, речиси и не играше, но сепак ќе даде се од себе да биде во центарот на вниманието. Освен тоа, тој мене постојано ми се јавуваше, барајќи да одиме на вечера или да возиме мотори. За мене пишуваше и во својата книга. Мораше да напише нешто, инаку страниците ќе останат празни. Не му одговарам, подобро да не му обрнувам внимание, да бидам искрен“, изјави Чалханолу во интервју за Тивибу Спор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal