Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани е многу блиску до доаѓање во Мадрид Сепак, нема да ги засили Реал или Атлетико, туку Рајо Ваљекано, клубот од предградието кој минатата сезона заврши на 12. место на табелата. На голот на Рајо е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Играњето во Ла Лига е долгогодишна желба на 35-годишниот Уругваец, кој во кариерата има постигнато 418 гола за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и за уругвајската репрезентација. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на месецот и тој наводно се понудил на Рајо, а единствен проблем се финансиските побарувања кои ќе мора да се намалат за да може мадридскиот клуб да ги исполни.
Доколку дојде до соработка, Кавани ќе формира тандем на напаѓачки легенди во Ваљекано со Колумбиецот Радамел Фалкао, кој минатото лето пристигна во Рајо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













