Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран одлучи да стави крај на кариерата. 35-годишниот играч за врска последен пат играше во Галатасарај. Тој доби понуда да заземе позиција во раководството на клубот и се согласи.
Во последната сезона Арда Туран одигра само 12 натпревари и забележа една асистенција за „жолто-црните“. Ова беше негов втор престој во гигантот од Истанбул. Надвор од Турција, играчот од средниот ред имаше одлични настапи во Атлетико Мадрид, потоа потпиша со Барселона, но не успеа да се наметне и се пресели во Истанбул Башакшехир.
На клупски план, Арда Туран има 10 трофеи, а со турската репрезентација стигна до бронзениот медал на ЕП 2008. За својата земја може да се пофали со вкупно 100 натпревари и 16 постигнати гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













