Германскиот репрезентативец Давид Раум е потенцијално ново засилување на Манчестер Јунајтед. Според „Скај Спорт Германија“, „црвените ѓаволи“ веќе започнале разговори со Хофенхајм за 24-годишниот лев бек. Цената на фудбалерот се движи околу 35 милиони евра.
Раум остави одличен впечаток минатата сезона, во која за Хофенхајм одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и 13 асистенции. Тој веќе е стандарден член на германската репрезентација и се очекува да биде стартер на Светското првенство во Катар.
Покрај Манчестер Јунајтед, интерес за бекот покажуваат уште неколку клубови, меѓу кои Њукасл, Вест Хем и Борусија Дортмунд. „Жолто-црните“ ќе излезат со конкретна понуда доколку во наредните денови се разделат со еден од своите фудбалери, Нико Шулц и Рафаел Гереиро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal