
Легендарниот ас на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, поднесе оставка од селекторската позиција во репрезентацијата на Велс. Со оглед дека го очекува судење поради физички напад над неговата девојка Кејт Гревил и нејзината помлада сестра Ема, тој донесе одлука да се повлече од селекторското место.
Велс за првпат по 64 години пауза ќе игра на Светско првенство, но во Катар ќе ја предводи друг стратег.
„Се повлекувам од селекторската функција на Велс. Ми беше чест и привилегија да ја предводам мојата земја. Оставам ФА на Велс и моите соработници да се подготвуваат за Мундијалот во Катар. Пред мене е судска борба во Манчестер, и не можам да се посветам на селекторските обврски. Не сакам ова да влијае на подготовките и настапот на репрезентацијата во Катар“, стои во соопштението на Гигс испратено до федерацијата на Велс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
