Борусија Дортмунд се насочи кон голгетерот на Ајакс, Себастијан Але. Германскиот клуб е во потрага по замена за Ерлинг Халанд, кој се пресели во Манчестер Сити.
Борусија веќе испрати понуда вредна 33 милиони евра за 27-годишниот напаѓач. Ајакс бара 38 милиони, но според „Де Телеграф“, холандскиот гигант тешко дека ќе ја одбие понудата.
Самиот играч сака да се пресели во Дортмунд и неговите лични услови нема да бидат проблем.
Себастијан Але имаше импресивна сезона. Постигна 34 гола, а стрелаше 11 пати во Лигата на шампионите.
Французинот има искуство во Бундес – лигата откако играше за Ајнтрахт од 2017 до 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













