
Француската фудбалска легенда Зинедин Зидан нема да го преземе Пари Сен Жермен ова лето, пренесува локалниот „RMC“. По многу преговори, информации и пресврти, Зинедин Зидан донесе одлука. Пари Сен Жермен во моментов не му е приоритет, туку сака да биде селектор на репрезентацијата на Франција.
Тој ќе го почека развојот на настаните во редовите на актуелните светски шампиони по Светското првенство во Катар. Во случај Дешамп да замине, Зидан би бил првиот избор за клупата на „триколорите“.
Сепак, Зинедин Зидан не ја затворил вратата на Пари Сен Жермен за во иднина.
Сега Пари Сен Жермен ќе ги интензивира преговорите со Ница и Кристоф Галтие за соработка со одличниот тренер кој имаше забележителни резултати во изминатите години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
