
Лука Модриќ ја донесе првата победа за Хрватска против Франција (0-1) со голот од пенал во петтата минута, а потоа ја критикуваше одлуката натпреварите од Лигата на нации да се играат по завршување на сезоната.
„Среќни сме за победата, но и за начинот на кој дојдовме до неа. Го заслуживме ова. Против Франција досега одигравме многу добри натпревари, но никогаш не успеавме да ги добиеме. Конечно се случи и тоа. Секако, ова е една од омилените победи“, изјави капитенот на хрватската репрезентација, а потоа испрати порака до УЕФА.
„Ми пречи само терминот на овие натпревари. Да се стават четири натпревари во десет дена после сезоната е нехумано“, додаде Модриќ и ги пофали соиграчите.
„Честитки за момците, одиграа одлично. Само нека продолжат вака. Покажаа дека можат да се носат со големи ѕвезди. Покажаа исклучителен карактер.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski