
После 15 години, Марсело го напушта Реал Мадрид. За разлика од Лука Модриќ, тој со 34 години веќе не ги исполнува високите критериуми на Реал и се разделува како слободен играч со клубот во кој дојде како тинејџер од Бразил. Се уште не е познато каде Марсело ќе ја продолжи кариерата, но познато е дека Реал достојно ќе се збогува со него.
„Кралскиот клуб“ соопшти дека во понеделник во 13 часот ќе одржат официјално збогување со легендата и церемонија на која ќе му оддадат почит, по што за последен пат ќе се обрати до медиумите како играч на Реал Мадрид. Церемонијата ќе ја води претседателот Флорентино Перез.
Марсело дојде во Реал во 2007 година од Флуминенсе и постигна 38 гола и забележа 103 асистенции на 545 натпревари. Тој освои 25 трофеи, од кои шест титули на Шпанија, пет европски титули и четири светски клупски титули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
