Бугарската фудбалска репрезентација имаше страшна сообраќајна несреќа возејќи се од аеродромот до хотелот во Тбилиси. Најтешко помина фудбалерот Тодор Неделев кој итно е префрлен во болница каде бил опериран поради фрактура на черепот.
#BREAKING The buses of the 🇧🇬 Bulgarian national football team crashed into each other after leaving the airport in Tbilisi.
— Visioner (@visionergeo) June 10, 2022
A Bulgarian player Todor Nedelev was reportedly hospitalized. pic.twitter.com/wSWyCYrFiC
При оперативниот зафат му било извадено парче стакло.
„Добро е што Неделев е во стабилна ситуација. Мораше да се изврши итна операција, да се реагира брзо затоа што последиците можеа да бидат фатални. Парче стакло влегло многу длабоко. Тоа е отстрането со операцијата. Неделев останува во болница на натамошно лекување. Сите други се добри физички, но не и психички. Се се случи толку брзо и засега не можам да кажам кој е виновен“, изјави портпаролот на федерацијата, Виктор Игнатов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski