
Барселона е подготвена да го продаде Френки де Јонг ова лето. Каталонскиот клуб бара 100 милиони евра за 25-годишниот играч за врска, кој дојде од Ајакс во 2019 година за 86 милиони евра. Барселона мора да обезбеди свежи пари поради тешката финансиска ситуација, а клубот ја одбил првата понуда на Јунајтед од 60 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси.
Раководството на Барселона се надева дека ќе може да добие повисока цена во преговорите, со оглед дека и Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен во минатото испраќаа понуди за Холанѓанецот. Се надеваат дека повторно ќе влезат во трката.
Од следната сезона на клупата на Манчестер Јунајтед ќе биде Ерик тен Хаг, стручњак кој го предводеше Френки де Јонг во Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal