Connect with us

Кулибали нема да го продолжи договорот со Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали не се договорил со раководството на клубот за нов договор. Тоа значи дека Сенегалецот речиси сигурно ќе биде продаден ова лето.


Актуелниот договор на дефанзивецот е до летото 2023 година и Наполи се обиде да го убеди повторно да потпише, но со сериозно намалување на платата. Сепак, фудбалерот не се согласи со предложените услови.

За Сенегалецот постои интерес од неколку големи европски клубови, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Барселона, Пари Сен Жермен, Челси…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови