
Арсенал е во преговори со Атлетико Мадрид за напаѓачот Алваро Мората, пишува „Мундо Депортиво“. 29-годишниот играч се врати на „Ванда Метрополитано“ откако Јувентус се откажа од можноста да го откупи неговиот договор. Но, и мадриѓани немаат намера да го задржат во својот состав и бараат купувач.
Арсенал ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го земе во своите редови.
„Топчиите“ треба итно да го засилат нападот, со оглед дека прво го загубија Пјер-Емерик Обамејанг во јануари, а потоа и Александре Лаказет го напушти „Емирати“ и се врати во Лион. Затоа Мората делува како многу добра опција за Микел Артета, бидејќи не би требало да биде прескапа, а воедно тимот ќе добие искусен фудбалер кој веќе играше во Премиерлигата со тимот на Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal