
Англискиот првак Манчестер Сити планира да ја засили одбраната со десниот бек на Челси, Рис Џејмс. Ова лето би можела да се случи голема раздвиженост на релација „Стемфорд бриџ“ – „Итихад“.
Челси е заинтересиран за Габриел Жесус и за Рахим Стерлинг кои потенцијално би тргнале на пат за Лондон, а Гвардиола го сака Рис Џејмс.
Англискиот репрезентативец имаше уште една забележителна сезона, иако имаше и проблеми со повреди. Тој има актуелен договор со Челси до 2025 година, но заработува „само“ 70.000 фунти неделно, што не е пропорционално со тоа колку Џејмс придонесува на теренот.
Ситуацијата будно ја следат Манчестер Сити, но и Реал Мадрид. „Граѓаните“ во Џејмс го гледаат идеалниот наследник на Кајл Вокер, кој влезе во 33. година.
Гвардиола исто така не се откажува од доведување на Кукуреља од Брајтон. „Галебите“ бараат 50 милиони фунти, а Сити сака да ја намали бараната сума нудејќи му го на Брајтон младиот Џејмс Мекити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
