
Раководството на Челси има сериозни финансиски побарувања од Интер за да дозволи белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку да се врати како позајмен играч на „Џузепе Меаца“. Лондончани побараа од „нероаѕурите“ да платат 20 милиони фунти за напаѓачот за една сезона.
Лукаку е подготвен на сериозно намалување на платата за да се врати во Интер, но, сепак, италијанскиот клуб нема да се согласи да плати толку пари за едногодишна позајмица на робусниот голгетер.
Челси прашува и за можноста за ангажман на Милан Шкриниар од Интер, па сега преговорите се водат и во оваа насока.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement