
Со знаме добиено од војниците кои ја бранат земјата, закачено во соблекувалната, украинските фудбалери се мотивираат за големата битка. Фудбалерите на Велс имаат можност да направат историја за својата нација. Да обезбедат второ учество на Светско првенство, прво по дури 64 години. Но, историја и борба како мотив имаат и нивните противници. Селекцијата која доаѓа од растргнатата од војна Украина.
Пресметката е закажан за денеска од 18 часот, а Англија, САД и Иран се во групата која го очекува последниот противник за Мундијалот.
На патот до финалето на баражаот за пласман на Светскто првенство , Велс во полуфиналето славеше над Австрија, а Украинците беа подобри од Шкотска.
„Имаме разбирање за нивната ситуација, на сите ни е ужасно жал да тоа што се случува во земјата, но ова денеска е фудбалски натпревар и ние сакаме да победиме“, изјави во пресрет на мечот капитенот на Велс, Герет Бејл.
Натпреварот првично беше закажан за март, но беше одложен поради инвазијата на Русија на Украина. И украинските репрезентативци се обидуваат да го остварат вторто учество на светските првенства. За тимот од земјата тешко погодена од војна, натпреварот е многу повеќе од фудбал.
„Во Украина е навистина тешка ситуација и не може секој да гледа фудбал, но ние ќе се обидеме да се концентрираме и да одиграме добро“, вели селекторот Олександр Петраков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
