
Макфудбал во Разград,
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше 1-1 против Бугарија во Разград во првото коло од новото издание на Лигата на нации. Кирил Десподов ја доведе Бугарија во водство во 13.минута, а израмни Милан Ристовски во 50.минута од мечот.
Избраниците на Благоја Милевски почнаа офанзивно, го притиснаа веднаш противникот, но по една грешка во 13.минута се случи противнапад по кој Кирил Десподов ја доведе Бугарија во водство. Тој одигра двојно, одбраната не го затвори неговото движење, Десподов излезе сам пред Столе Димитриевски и успеа да го совлада.

Барди ја имаше најубавата шанса за израмнување, шутираше силно десетина минути подоцна, но го погоди противничкиот голман во главата.
Македонија успеа да се врати во игра резултатски на почетокот на второто полувреме. Елмас влезе во шеснаесетникот и направи проблеми за противникот, топката дојде до Милан Ристовски кој во 50.минута успеа да го матира Михаилов.

Езгјан Алиоски шутираше одлично од работ на шеснаесетникот, но Михаилов со одлична интервенција спаси комплетен пресврт.
Елмас имаше уште една закана, но без ефект, а потоа и двете селекции се задоволија со реми на стартот од циклусот. На крајот судијата Пињар направи непотребна драма. Покажа на белата точка за Бугарија поради наводно играње со рака на Муслиу, но потоа провери преку ВАР – системот и сепак ја промени одлуката.
Вториот предизвик за Македонија во Лигата на нации е за три дена, дуелот против Гибралтар на гости.
ЛИГА НА НАЦИИ
БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-1 (1-0)
Лудогорец Арена. Гледачи: 7.000. Судија: Жереми Пињар (Франција). Стрелци: Десподов 13′ (Бугарија), М. Ристовски 50′ (Македонија). Ж. картони: Миланов (Бугарија), Ашковски, Елмас (Македонија).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ашковски, Велковски (88′ Ристевски), Муслиу, Алиоски, Спировски (72′ Николов), Барди, Елмас, Чурлинов (46′ Давид Бабунски), Трајковски (46′ Миовски), М. Ристовски (72′ Дориан Бабунски).
БУГАРИЈА: Михаилов, Турицов, А. Христов, П. Христов, Недјалков, Крастев (59′ Костадинов), Миланов, Чочев, Неделев (71′ Стефанов), Десподов, Илиев (46′ Минчев).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
