Џорџо Кjелини го напушти Јувентус по 17 години. Легендарниот италијански дефанзивец освои девет титули во италијанскиот шампионат, а тимот го водеше и како капитен.
Иако е во доцни играчки години (37), Кјелини не се откажува од фудбалот и веќе се согласил да се пресели во нов клуб.
Италијанецот, очекувано, ќе отпатува во САД и ќе игра во МЛС – лигата. Тој се договори со помладиот клуб од Лос Анџелес – ЛАФЦ.
Најголемата ѕвезда на тимот кој е основан во 2014 година е поранешниот играч на Арсенал, Карлос Вела.
Кјелини треба и официјално да биде претставен во новиот клуб во наредните денови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













