Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да го напушти Леванте ова лето, но, сепак, да остане и понатаму во градот. За него е заинтересиран градскиот ривал Валенсија, кој сака да го искористи испаѓањето на Леванте и да ги ангажира најдобрите играчи од овој тим. Меѓу тројцата кои се на листата на желби на „лилјаците“ е и Енис Барди, заедно со Гонзало Мелеро и Хозе Кампања.
На Леванте му се потребни финансии, околу 10 милиони евра, за да ја покрие дупката од финансискиот фер-плеј уште од минатата година, а рокот е 30 јуни. Поради ова, можно е да дојде до зделка со градскиот ривал Валенсија.
За Барди изминатиот период се интересираа неколку клуба од Ла Лига, Бетис, Реал Сосиедад, а се споменуваа и Лион, Торино, Лацио, Борусија Дортмунд.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski