Македонија ЃП сака по подолг период да го врати пехарот од Купот во Ѓорче Петров. Можеби ја има и фаворитската улога на вечерашната пресметка против Силекс, со оглед дека е прволигаш, за разлика од кратовци кои иако се актуелни бранители на трофејот, оваа сезона ја минаа во второлигашка конкуренција.
„Лавовите“ вечерва (18 часот) ќе го предизвикаат Силекс во финалето на Купот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Максимално го респектираме тимот на Силекс, кој е актуелен освојувач на Купот. Ги анализиравме, имаат одличен тим предводен од Горазд Михајлов на клупата. Мислам дека ние сосема заслужено сме во финалето, и ќе се обидеме да одиме до крајот и да го пренеме трофејот. Пехарот во Купот двапати го освоив како играч, се надевам на прв триумф и во улога на тренер“, вели Муарем Бајрами, тренерот на Македонија ЃП.

Капитенот Ермедин Адем најавува голема борба во денешното финале.
„Цела сезона се боревме за да дојдеме до финалето и да ја заокружиме сезоната со трофеј. Го респектираме Силекс, тоа е тим кој буквално се прошета низ Втората лига, и не е случајно во финалето. Но, ние сме подготвени и максимално мотивирани за да оствариме победа и да ги израдуваме нашите навивачи, а трофејот после долги години повторно да го донесеме во Ѓорче Петров“, изјави Ермедин Адем.
Финалниот натпревар се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ вечерва со почеток од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













