
Реал Мадрид му понуди продолжување на договорот на Тони Крос, но одличниот германски играч за врска ја одби понудата. Според „Марка“, Крос сака да види како ќе се развива следната сезона пред да донесе одлука за продолжување на кариерата.
Крос не е незадоволен од Реал, но претходно истакна дека нема намера да игра вечно. Тој сака да се пензионира во клубот во кој се приклучи во 2014 година како 24-годишен и со него, меѓу другите трофеи, освои три пехари во Лигата на шампионите и три шампионски титули на Шпанија.
За разлика од Крос, Лука Модриќ се согласи да го продолжи договорот кој му истекува оваа сезона. Како што пренесуваат шпанските медиуми, се чека само официјалната потврда за потписот на договорот, според која тој ќе настапува во клубот и следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
