Connect with us

Претседателот на Ајнтрахт „удри“ по УЕФА: Зошто игравме на овој „Мики Маус“ стадион?!

Ајнтрахт Франкфурт го освои трофејот во Лига Европа откако на пенали (5-4) го совлада Глазгов Ренџерс во финалето во Севилја. Кевин Трап го одбрани пеналот на Арон Ремзи и го трасираше патот на клубот по 42 години повторно да освои европски пехар.


Сепак, претседателот на германскиот клуб Петер Фишер ја прекори УЕФА за финалето кое се играше на „Санчез Пижуан“.

„Двесте илјади навивачи сакаа да бидат овде денеска, но 190.000 се тажни бидејќи игравме на овој стадион на Мики Маус“, изјави претседателот на победникот во Лига Европа, кој не се помирува со фактот дека навивачите на Ајнтрахт добија само 10.000 влезници од УЕФА за овој натпревар.
По „инвазијата“ на „Камп Ноу“ во четвртфиналниот реванш кога Ајнтрахт ја исфрли Барселона, германските навивачи излегоа на улиците на Севилја во последните денови каде имаше неколку судири со навивачите на Ренџерс кои исто така во голем број пристигнаа од Шкотска.

Повеќе од 50.000 фанови го следеа финалето и на сопствениот стадион во Франкфурт на голем видео-бим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови