
Ајнтрахт Франкфурт ја освои Лигата на Европа по подоброто изведување пенали против Ренџерс. Во 120 минути мечот заврши 1-1, а потоа Арон Ремзи се покажа како трагичар за Шкотите.
Неговиот удар од белата точка го спречи германскиот голман Кевин Трап, кој се претвори во победнички херој. Претходно Трап брилијантно го одбрани ударот на Рајан Кент во продолжението и со тоа дефинитивно ја заслужи титулата херој.

„Мислев дека ќе плачам, но тоа не се случи. Навистина е нереално што си одиме дома со трофејот. Ова е одлично за германскиот фудбал. Мислам дека претседателот на клубот организираше некаква прослава. Не знам дали се согласувате со мене, но освојувањето на овој трофеј е подобро од сексот. Дефинитивно е нешто толку убаво како сексот“, изјави Трап.
За да се добие вистинска слика за изјавата на Кевин Трап, негова партнерка е прекрасниот модел Изабел Гулар. Можеби таа и ќе се „подналути“ дека сега има конкуренција во пехарот од Лига Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
