Напаѓачот на ЦСКА Софија, Ѓорѓи Јомов, кој е и бугарски репрезентативец, утрово заврши во полиција, поради учество во синоќешниот инцидент – престрелка со огнено оружје на бензинска пумпа во Софија. Наводно, во инцидентот биле инволвирани неговите брат и татко кои се во бегство, а Јомов морал да даде исказ.
Како што наведуваат бугарските медиуми, Ѓорѓи Јомов изјави дека дошло до недоразбирање меѓу неговиот брат и непознати лица, а во расправијата потоа се вклучил и таткото, при што било употребено и огнено оружје. Во престрелката биле повредени две лица, од кое едното е во животна опасност.
Ѓорѓи Јомов е еден од повиканите во националниот тим на Бугарија за натпреварот против Макдедонија на 2 јуни во Разград, како дел од новото издание на Лигата на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













