
Англискиот премиерлигаш Челси и понатаму се соочува со голема неизвесност, тврдат британските медиуми. Се уште не е јасно дали преземањето на клубот од „Стемфорд бриџ“ од американските сопственици за речиси 5 милијарди евра ќе се случи навреме.
Клубот објави дека продажбата е договорена, но, како што пренесува „Скај њуз“, неизвесно е дали целата зделка ќе биде извршена во предвидениот рок.
Британската влада бара од Роман Абрамович сертификат каде по продажбата ќе завршат околу 3 милијарди евра. Рускиот сопственик ги дал своите гаранции, но англиските власти не се сигурни во тоа и сега продажбата се одложува.
Најголем проблем е што клубот мора да добие нови сопственици до крајот на мај, во спротивно нема да добие лиценца и ќе биде исфрлен од Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
