Саутемптон е вечерашната пречка на Ливерпул во Премиер – лигата, но менаџерот Јирген Клоп, се разбира, веќе размислува и за финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тој вели дека „црвените“ не се фаворити“ на пресметката против Реал што е закажана за 28 мај во Париз.
„Ливерпул во никој случај не е фаворит, прво затоа што ќе играме против тимот со најголемо искуство, но и затоа што Реал Мадрид веќе ја прослави титулата во Ла Лига и можат да одморат. Но, од друга страна, јас верувам во овој тим на Ливерпул“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул пред четири години загуби од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев, а херој на „кралевите“ беше Герет Бејл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













