
Хулен Лопетеги по три години ќе ја напушти клупата на Севилја. Шпанскиот стратег и поранешен голман, кој своевремено играше за Реал Мадрид и за Барселона, на крајот од сезоната ги напушта Андалузијците.
Поранешниот тренер на Порто, Реал Мадрид и селектор на шпанската репрезентација има договор до летото 2024 година, но од лични причини одлучил порано да ја напушти клупата на шпанскиот тим.
Севилја по завршувањето на сезоната ќе одлучува кој ќе го наследи, а спортскиот директор Мончи веќе контактирал со можните замени на Лопетеги. Приоритет за следната година е Диего Мартинез, кој моментно е слободен. Поранешниот тренер на Гранада имаше начелен договор со Еспањол, но интересот на Севилја менува се и тој би можел да се приклучи на проектот на „Санчез Пижуан“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
