
Вест Хем одигра 2-2 против Манчестер Сити на домашен терен и го сопре победничкиот поход на актуелниот првак. Сепак, „граѓаните“ имаат четири бода предност и меч повеќе од Ливерпул, па во последното коло секако имаат меч-топка со Астон Вила пред своите гледачи за да ја одбранат титулата.
Џерод Боувен со два гола го шокираше тимот на Пеп Гвардиола во првото полувреме, но Сити се врати со голот на Џек Грилиш и автоголот на Цуфал. Во 86.минута, беше досуден пенал за гостите, а не успеа да го реализира Ријад Махрез. Лукаш Фабијански одлично го одбрани неговиот удар.
Лестер го декласира Вотфорд со 1-5, а Лидс Јунајтед во финишот израмни на 1-1 против Брајтон во битката за опстанок. Астон Вила и Кристал Палас исто така ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
