
Н’голо Канте би можел да го напушти Челзи во шокантен трансфер. Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го посочи Н’голо Канте како главна цел за засилување во средниот ред.
Канте има уште една година од договорот со Челси, а Тен Хаг верува дека искусниот играч од средниот ред е достапен за купување и ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“.
Французинот е во Англија од 2015 година. Тој експлодираше во дресот на Лестер со кој на изненадување на сите ја освои и Премиер – лигата. Во Челси пристигна пред шест години за 50 милиони евра и ја освои Лигата на шампионите.
Канте одигра стандардно оваа сезона со 40 настапи во сите натпреварувања. Успеа да постигне и два гола и додаде четири асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
